| четврток, 6 декември 2018 |

Модерна зграда наместо старите бараки за 1000 основци во Аеродром

На местото на старите бараки на ОУ „Димитар Македонски“ денеска почна изградба на нов модерен објект во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Аеродром информира дека според рокот на изградба новото училиште, ќе се гради во две фази, така што околу 1.000 ученици, колку што е капацитетот на новата зграда, ќе можат да посетуваат настава веќе наредната учебна 2018/2019 година.

Старото училиште беше изградено во  1964 година како донација од француската Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top