Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, беше отворена изложбата “Мајки, Божици и Кралици” од ликовниот уметник Благојче Наумоски-Бане. Изложбата ја отвори директорот на Центарот во Софија, Васко Шутаров.
Од КИЦ во Софија наведуваат дека во оваа необична ликовна концепција, низ визурата на авторот преку геометризирана естетика на препознатливи женски ликови, може да се следи авторова преокупација и потрага по енергијата од принципот на божественото, изразена преку геометриски форми.
Благојче Наумоски е роден 1985 година во Кичево, Р Македонија. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2007 г), на педагошкиот оддел сликарство во класата на проф.Рубенс Корубин. Магистрира од областа на сликарството во класата на проф. Јован Шумковски (2009 г). Од 2012 г. работи како асистент на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универитет во Скопје, а од 2016 г, станува доцент на истиот факултет. Изложувал во Берлин, Њујорк, Отава, Љубљана, Париз, Прага, Виена, Хаифа, Приштина. Ова е негово прво самостоно претставување во Софија.
Изложбата е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија за 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


