| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд со вистинско летно време

Од претстојниов викенд следува период на вистинско летно време. Ќе биде претежно ведро, повремено со умерен ветер, а температурата ќе биде прво во мал пораст, за потоа од понеделник, максималната вредност да се задржи во монотон тренд.

Температурата в сабота ќе има вредности помеѓу 29 и 32 во котлините во северниот и западниот крај, додека во централноисточниот и повардарскиот крај максималната ќе има вредности помеѓу 34°С и 36°С.

Недела ќе биде за степен до два потопла.

Од понеделник до среда максималната ќе биде релативно константна, а истата нема да надмине 39°С во најтоплите делови од земјата.

Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top