Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во гостувањето на Алфа Телевизија вели дека договорите како овој со Бугарија се клучни за напредокот на државите во иднина и за добрососедските односи.
-Во принцип ние немаме ништо против, напротив ние долго време сме работеле на тоа да се склучи договор со Република Бугарија за пријателство, добрососедски односи. Но она што заборава Владата на Република Македонија е дека за таков договор треба општествен консензус, истакнува Димовски.
Тој потсети дека бугарскиот Парламент вчера едногласно го усвои договорот што укажува неговиот квалитет во однос на бугарските државни и национални интереси.
-Она што го видовме во договорот претходно, а сега го гледа и јавноста е дека има точки од договорот кои што се добри, во смисла на транспорт, во смисла на инфраструктура, во смисла на подобрување на економската размена. Но има точки кои се многу проблематични за македонските национални и државни интереси, посочи Димовски.
Појаснува дека никаде во договорот не се споменува македонскиот народ, но и оти се зборува за заедничка општа историја, а не за заеднички посебни делови од историјата.
-Во договорот се настапува спротивно од еден наш член од Уставот, на членот 49. Во договорот се предвидуваат работни тела, односно комисии кои понатаму ќе бидат јамка. Ние се плашиме дека ова договор нема да ги подобри односите меѓу Македонија и Бугарија и нема на долг рок да го забрза нашиот процес за интегрирање во Европската Унија, туку напротив, ќе биде договор кој што за жал е веќе најавено од радикалните екстремни кругови од Софија, дека ќе биде користен за понатамошни условувања, во смисла на промена на учебници, во смисла на промена на историска факти, во смисла на одбележување, вели Димовски.
Според него, СДСМ се свесни дека договорот е штетен за Македонија.
-Очигледно СДСМ се свесни дека договорот е штетен за Македонија и затоа сакаат среде лето, во август, кога сите се по одмори, со толку многу брзање, без дебата и дискусија во Собрание. Тоа јасно говори дека СДСМ се свесни дека прават грешен чекор, во спротивно тие самите би побарале ова сето да си помине во една нормална процедура, подвлече Димовски и додаде дека Бугарија ни е една од најблиските соседни држави со кои мораме да градиме добри односи, и вакви договори со Бугарија, но и со други држави од најблиското опкружување на Македонија, мора да се воспостават врз база на консензус, внатрешен коснензус.
Замислете, рече Димовски, ако вака настапува СДСМ за проблемот со Бугарија, како ќе настапува за проблемот со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји