| четврток, 6 декември 2018 |

Од први август парното поевтинува за 3,88 проценти

Потрошувачите на топлинска енергија во Скопје од први август ќе плаќаат пониски сметки за парно греење.Како што одлучи Регулаторната комисија за енергетика за корисниците на Балкан Енерџи Груп -БЕГ, кој има над 47.000 потрошувачи во градот Скопје, цената ќе поевтини за 3,88 проценти. Регулаторите истовремено одлучиле да се намали и тарифата за ангажирана моќност за 0,18 проценти.

Незначително поевтино загревање на домовите ќе добијат корисниците на ЕЛЕМ-Енергетика, каде цената на парното ќе се намали за 0,11 проценти.

Регулаторите одлучија да поевтинат услугите и за потрошувачите приклучени на системот на Скопје
Север кои ќе добијат пониски сметки за 1,69 отсто.

Парното поевтини и лани и тоа сметките на домаќинствата кои се корисници на БЕГ тогаш се намалија за 10,93 проценти, на оние кои се греат преку Топланата Скопје-Север намалувањето беше за четири проценти. За корисниците на ЕЛЕМ Енергетика цената падна за 11,59, односно за 9,15 отсто, во зависност од тоа како се мери потрошувачката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top