Рокерот Бора Ѓорѓевиќ едвај оди и не може да се потпира на левата нога. Поради болките што ги трпи, според сознанијата, пие лекови и се откажал од се’ само за да си го спаси здравјето.
„Бора го губи осетот во левата нога и ретко се потпира на неа. Тешко му е да стои, а кога се движи, болките му се поинтензивни. Лекарите му ја засилија физикалната терапија, како и лековите што ги пие. Тоа е поради проблемите што со години ги има со ‘рбетот“, открива добро информиран извор.
Дека Ѓорѓевиќ навистина има проблеми со ногата се виде и за време на неговиот скорашен настап на кој пристигна во еден часот по полноќ, одлично расположен, но одвај одеше. Му беше тешко да стои, па само кратко поразговара со новинарите.
„Ма, се’ е во најдобар ред. Јас само елегантно стареам, но се’ уште не сум за инвалидска количка. Не треба да баксузираме, туку да уживаме во животот и во музиката“, изјави Бора за „Курир.рс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст