Две непознати маскирани лица вооружени со пиштол и нож од пекарата Европа во Куманово со закани кон вработените одзеле 100 000 денари и 600 евра.
Според МВР утринава околу 02,40 часот во Куманово, на ул.„3-та М.У.Бригада“, во пекара „Европа“, две НН маскирани лица и вооружени со пиштол и нож извршиле разбојништво над вработените С.Б.(1971), У.Т.(1988), Б.Д.(1975), сите од Призрен-Р.Косово, и над Р.А.(1988) од Куманово.
Разбојниците им се заканиле и насилно ја отвориле вратата од канцеларијата и од фиоките од работно биро одзеле 100.000 денари и 600 евра, по што избегале. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.