Граѓанското движење против осиромашување во Македонија продолжува со протест преку блокирање на крстосници пред владата. Блокадата денес повторно е од 15 до 17 часот. Упатен беше и апел да им се приклучат што повеќе граѓани.
-Денес петок, стандардно сме тука, во исто време, се со цел да не видат господата од владата нас обичниот народ, дека искажуваме протест против осиромашувањето на граѓаните на Македонија. Нашите барања се исти:
1.Владата веднаш да се откаже од планот за зголемување на даноците
2.Бараме од владата да ги намали трошоците за даноци и придонеси од 27 на 25%
3.Бараме владата за сметка на зголемување на капиталните проекти и инвестиции да се откаже од непродуктивните трошоци, средства за привремени вработувања, луксузни храни, репрезентации и службени картички.
Ние од овие барања не отстапуваме. Вниманието на владата да се насочи кон нас граѓаните, а не кон личните интереси на владата, истакна Марина Атанаскоска од Движењето против осиромашување.
Од Движењето велат дека нема да потпаднат на ниту едни притисоци кои се обидуваат да им ги направат и додаваат дека ќе продолжат да ги застапуваат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст