| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата секаде ја бара: Се јави исчезнатата Даниела, еве каде била

Мамо јас сум жива и зравa, не се грижете за мене, бакнете ми го детето. Не си отидов поради неа, зошто ме нема дома ќе ви објаснам кога ќе дојде време. Ќе се јавам кога малку ќе се средам.

Ова се зборовите на 24-годишната Даниела Јанковиќ за која се трага од петокот. Нејзиниот сопруг ја крена цела Хрватска на нозе.

Мајката на Даниела веднаш го известила зетот дека ќерка и се јавила. Таа и рекла дека е во Германија, но не сакала да каже во кој град и со која намера.

– Таа ми е единствена љубов, без неа ништо нема смисла, само сакам да е добро, изјави сопругот за медиумите.

Се запознале пред 10 години и од тогаш биле нераздвојни, а круна на нивната љубов е нивната ќерка Миа. Сопругот е збунет и не знае зошто Даниела се решила на ваков чекор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top