Министерството за транспорт и врски, преку конкурс бара изработка на идејни архитектонско – урбанистички решенија за уредување на плажите на Дојранското и Преспанското Езеро. Конкурсот опфаќа урбанизирање на 500 метри плажа на Дојранско Езеро, во централното градско подрачје и дополнителни 100 метри плажа надвор од градот. Плажа од иста површина треба да се уреди и на Преспанско Езеро во општина Ресен во населбата Стење, како и дополнителни 100 метри плажа во населбата Сливница.
Според прописите кои ги налага Министерството, плажите треба да имаат песочна површина, зеленилото да биде заштитено, да има фонтани со вода за пиење, игралишта, пешачки патеки, вециња, тушеви, лежалки, чадори. Во езерото треба да биде одбележано местото за капење, како би се заштитиле капачите од пловните објекти. На плажите треба да има и одбележано место за спасувачки тимови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Владата распиша тендер за цвеќиња тежок 670 илјади евра
-
Ја знаете ли легендата за преубавата Преспа и настанокот на Преспанското Езеро?