| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе падне крв, ќе завршиш во црна кеса-Лукас добива закани по живот!

Откако му заврши врската со Брансилава, Аца Лукас никако да си го среди животот! Сега почнал да добива и смртни закани.

-Ќе падне крв- е една од пораките упатени кон Лукас со најава дека ќе заврши во црна кеса.

Наводно заканите му ги испраќа се уште актуелниот сопруг на Бранислава, кој едноставно не може да се помири со срамот и роговите кои му ги набија Бранислава и Лукас.

Поради овие закани Аца го засилил обезбедувањето и никаде повеќе не иде сам.Останува дилемата дали заканите ја преполнија чашата на Лукас, по разголените фотографии на Бранислава, па тој решил да стави точка на нивната „голема“ љубов. Но со оглед на тоа дека сите работи излегуваат на виделина, наскоро ќе се дознае и за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top