| четврток, 6 декември 2018 |

Безобразлакот на Зоран Заев

Михајло Маневски

Заслепен од реваншизам и освета Зоран Заев го обвини Марко Зврлевски за кочење на “реформите во судството”, кои не можеле да почнат бидејќи безобразно им пркосел на државата и општеството.

Во што се состои безобразлакот и пркосот на Марко Зврлевски? Дали безобразлак е користење на законско право на одбрана од неосновани напади или пркос е тоа што не постапи по барањето на “големиот демократ” да поднесе оставка на функцијата? Право на јавниот обвинител е да не поднесе оставка на функцијата  и да го користи законското право од членот 67 став 9 од Законот за јавното обвинителство да присуствува на седницата на Собранието на која се расправа по предлогот на Владата за негово разрешување и да го изнесе своето мислење. Тоа ли е безобразлак?

Безобразлак е, и тоа голем безобразлак на Зоран Заев кој приговара на носител на јавна функција заради користење на  неговото законско право на одбрана на седница на Собранието и го обвинува за пркос, затоа што не поднел оставка функцијата, како негово право.

Безобразлак е на една седница да се разрешат без законска основа 1500 членови на управни и надзорни одбори, кои своите права можат ги заштитуваат пред надлежните судски органи. И најголемите диктатори и апсолутсти имале респект спрема основното човеково право на одбрана и  заштита на личниот интегритет.

Безобразлак е тоа што бесконечно за една и пол година 11 пати се одложува судењето на Зоран Заев по правосилно поднесениот овинителен акт за случајот “Подкуп”. Што се чека? Се чека и овој случај да ја има истата судбина како случајот “Пуч”, кој случај беше неосновано повлечен од Катица Јанева. Нетрпеливоста спрема Марко Зврлевски е чист реваншизам заради поднесениот обвинителен акт.  Поради тоа, тој треба да се  разреши  од функцијата и да се избере Јавен обвинител на Макединија, некој како Катица Јанева, кој ќе го повлече и овој обвинителен акт. Таква ќе биде судбината и на овој предмет, без судска завршница. Затоа е ова нестрпливост и нетрпеливост на Зоран Заев спрема јавниот обвинител Марко Зврлевски, кого го обвинува за кочење на судски реформи!. Целта му е што побргу да се ослободи и од овој обвинителен акт, без суд и без законска основа.

И на крајот најголем безобразлак е тоа што таков човек најавува некакви судски реформи кои треба да важат за други, а не за него.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top