| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје в понеделник ќе се прска против комарци од земја

Град Скопје соопшти дека терестричната дезинсекција (од земја) против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се реализира во понеделник во период од 7 до 17 часот.

Со оваа дезинсекција, како што се наведува, ќе бидат опфатени стоечките водни површини во градот Скопје и во неговата околина.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Град Скопје и ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top