Рутината во креветот, избегнувањето на сексот и постојаниот замор може да го загрозат бракот. Партнерите меѓусебно се оддалечуваат и своите потреби ги задоволуваат на друго место.
За зачестеноста на сексот подеднакво би требало да одлучуваат двајцата партнери, но доколку само еден ја превземе контролата над ова, ситуацијата ќе предизвика незадоволство и лутина.
Избегнување на сексот како казна
Избегнувањето на секс како казна кон партнерот може да биде опасна „метода” за врската, посебно доколку проблемите од минатото ги користите како оружје против него, наместо заеднички да ги решите. Подеднакво расипано е користењето на сексот како награда, затоа што со ова се омаловажува партнерот.
Брак без секс
Речиси 15% од паровите немаат секс по цела година, потврдуваат истражувањата. Во таков случај постојат две опции – или бракот се претворил во платонска врска или парот одлучил да остане заедно поради финансиите и децата.
Во врската едноставно исчезнале страста и заљубеноста, но и понатаму ги поврзува меѓусебно чувство на почит или финансиска немоќ за секој да продолжи по својот пат.
Заморот како виновник за лош сексуален живот
Недостатокот на време за секс може да го загрози бракот, доколку таквото однесување стане трајно. Заморот, постојаната работа или семејните обврски можат да го оддалечат парот, па во таква ситуција најдобро е да заборавите на спонтаност и да се држите до распоредот. Можете да договорите барем еден состанок неделно или да одредите на пример дека петок вечер е резервиран само за вас двајца. Тоа ќе ви помогне да се издигнете повторно на интимно ниво.
Зависност од порно филмови
Порно филмовите може да ги разгорат страстите, но само доколку двајцата партнери сакаат да ги вклучат во својот сексуален живот. Но можат да претставуваат и проблем доколку еден од партнерите не сака другиот да ги гледа и смета дека тоа е замена за секс.
Сексот со партнерот повеќе не е уживање
Голем број парови се жалат дека партнерите повеќе не уживаат во сексот. Проблемот најчесто се крие во недостатокот на комуникација, рутината и предвидливоста.
Прељуба
Еден од најчестите „убијци” на брачниот живот е неверството. Недостатокот на секс, емоционалната поврзаност и заморот, се најчестите причини за прељуба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст