| четврток, 6 декември 2018 |

Подобро да умрев-поранешната на Лукас се огласи по разголените фотографии!

Вчера во медиумите осамна информација дека причината поради која Аца Лукас раскинал со Бранислава Пашајлија е тоа што на површина испливале нејзините експлицитни фотографии кои ги праќала на поранешно момче.

Откако дознал за нејзините „рани дела“, фотографии на кои таа е гола, фолкерот веднаш ставил точка на 23 дена долгата романса, не сакајќи со тоа да му биде нарушен имиџот во јавноста.

Бранислава после раскинувањето дала изјава во која го понизила Аца, наведувајќи дека никогаш себеси нема да си прости што со него се обидела да го замени поранешниот-сегашен сопруг.

Меѓутоа после обелоденување на провокативните фотографии не се огласуваше. Се до сега.

Во изјавата, Пашајлија признала дека е целосно очајна.

-Има ли крај на сето ова?Јас не можам да сфатам дека некој ја користи мојата пеколна ситуација и дава мои фотографии и приказни за мене, па зошто?Подобро е, верувајте, да умрев отколку што себеси си си дозволив некој вака да ме развлекува во јавноста, бидејќи јас не знам како норамлно да продолжам да живеам, како и понатаму да бидам мајка и човек, пред се-рекла Бранислава.

-Ова веројатно не е крај, бидејќи ако некој се сетил на медиумите да ги испрати моите фотографии од пред 11 години, што можам да очекувам во иднина. Не ме интересира ни Лукас, не ме интресира никој, освен да го сочувам својот живот, да продолжам да го живеам својот живот, мирно да излезам на улица, во јавност воопшто-завршила Бранислава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top