На 26 јули, во периодот од 2.30 до 8.30 часот, во Прилеп на ул.„Радовишка“, непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во куќата на П.С.(68) и извршил тешка кражба.
Крадецот зел чанта во која имало лични документи, кредитна картичка, како и една пушка, сопственост на нејзиниот покоен сопруг.
Увид извршила увидна екипа на Полициска станица-Прилеп, а причинета е материјална штета од околу 10.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.