Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќање… Тие заедно со четворицата што без хоспитализирани со истите симптоми на Клиниката се со полесна клиничка слика и не се во животозаргозувачка состојба, изјави денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.
Во меѓувреме се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница, кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.
Чакаровски рече дека се направени испитувања во Македонија и се чекаат резултатите од странските центри.
– Екипите вчера не успејаа да се качат до бачилото, бидејќи тоа е непристапен терен. Денес обезбедивме теренско возило. Нашите екипи се на терен – посочи Чакаровски.
Тој рече дека пуштени се мостри и во референтни центри и кога ќе ги соединат двата резултата ќе излезат во јавноста.
– Комисијата за заразни болести заседава постојано. Се надевам дека до крајот на денот, најдоцна до утре јавноста ќе добие конкретна информација за сите настани со дефинирани резултати за причинителите – додаде Чакаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст