| четврток, 6 декември 2018 |

Струшката депонија повторно гори, граѓаните се гушат во канцероген чад

Утрово стружани повторно се разбудија во чад од канцерогена и токсична материја која што граѓаните ја дишат среде јули. Граѓаните на социјалните мрежи денеска повторно објавија фотографии од депонијата во Струга и пожарот кој веќе трет ден не го гасне никој.

Додека градоначалникот и власта молчат, граѓаните на Струга постојано се жалат на чадот од депонијата која со денови гори, а од истата ги пече грлото и очите, а се шири и неподнослива миризба.
Инаку во Струга во вторникот вечерта повторно се запали депонијата, а ноќта според фотографиите во центарот на градот имало буквално магла среде јули.

Владата на Зоран Заев со 26 министри, продолжува со своето фијаско, заедно со локалната самоуправа и не можат да угаснат еден пожар во Струга.

Исто така, постојаните пожари и чадот ова лето ја загрозува туристичката сезона во Охрид, Струга, Вевчани и другите околни места. Покрај локалните жители, веќе има големи реакции од големиот број на иселеници кои се дојдени во родниот крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top