Десет годишно дете од Прилеп вчера е пренесено во Ургентниот центар со тешки повреди по пад од далековод под висок напон.
Од полицијата денеска информираат дека 30-годишниот И.И. од крушевското село Алданци пријавил дека на влез од селото забележал повредено дете во свесна состојба како лежи на тревата. Полициски екипи излегле на местото, по што е утврдено дека се работи за 10 годишно дете од Прилеп.
Според кажувањата на мајката, детето паднало од метален столб, од далековод под висок напон, по што таа го однела до блиската река и го измачкала со кал мислејќи дека има струен удар.
По укажаната лекарска помош во прилепската болница поради сериозноста, детето во свесна состојба, но со крварење во мозокот е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст