Со зголемување на акцизите поскапуваат и алкохолните пијалоци и тутунот.
Според најавите акцизата за пивото ќе се зголеми од три на четири денари по литар, додека кај другите алкохолни пијалоци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол.
Со новите измени во Законот за акцизи, се проценува дека зголемувањето на акцизите ќе значи и поскапување на алкохолните пијалоци за најмалку 10 отсто.
Според Министерството за финансии, зголемувањето на акцизите е со цел да се усогласат директивите со Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот



