Тања Паскали-Бунташеска е разрешена од диркеторската позиција во Завод и Музеј на град Охрид, а на нејзино место доаѓа Елеонора Новакоска.
Таа со својот тим во изминативе десет години додека го раководеше Завод и Музеј Охрид архитектонски и ентериерно ја реновираа Куќата на Робевци, како и потпорниот ѕид над неа, што беше огромен зафат. Беше дел од тимот што го почна проектот Плаошник, и продолжи со возобновување на Светиклиментовиот универзитет, ги реновираа куќите на Уранија, на Христо Татарчев, обновија над 15 стари фасади во градот, изработија елаборат за ревалоризација на старото градско јадро врз кој се донесе Законот за Охрид…
Тања Паскали-Бунташеска останува во Музеј и Завод Охрид како виш кустос, инженер-архитект.
Во претходните соопштенија на Министерството за култура по разрешувањето на директори во театарите стои дека поставувањето на в.д. директори е „со цел што побрзо ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри“. Од Министерството најавуваат транспарентни конкурси за нови директори во националните установи кои ќе се спроведуваат според законските норми.
фото:охридњуз.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.