| четврток, 6 декември 2018 |

Драма за штипјанка: Ја искршил од ќотек, па објавувал љубовни фотографии

СВР Штип поднесе кривична пријава против 23-годишниот З.М. кој во кафе бар започнал вербална расправија со 23 годишна девојка со која бил во љубовна врска, по што насилно ја изнел надвор од барот каде почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата и телото.

Полицијата информира дека несреќната девојкападнала на земја, а тој продолжил да ја тепа.

Истиот ден, околу 14 часот и 30 минути, насилникот без знаење и согласност од страна на евојката ги искористил нејзините лични податоци и направил лажен профил на апликацијата „Инстаграм“ и постирал нејзини фотографии кои биле сликани од неговиот и нејзиниот телефон додека биле во љубовна врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top