| четврток, 6 декември 2018 |

Се трага по мајка на мало дете: Од Даниела нема ни трага ни глас, сопругот ја моли да се врати дома

Хрватска трага по мајка на мало дете, која исчезна во петокот откако излегла од домот, по што и се загубила секоја трага. Сопругот на Даниела Јенковиќ ја моли таа да си дојде дома, ако ги чита весниците и порталите, каде тој моли за помош.

– Те молам само јави ми се, да знам дали си добро. Кажи ми здрава сум и жива, ништо не ти замерувам, но не ги држи децата во неизвесност, вели сопругот Хуса Хрчиќ.

Таа во петокот излегла од домот каде живеела со родителите и синот во 9 часот, седнала во автомобил Голф и се упатила во непознат правец.

– Отидов во автоперална да работам, разменивме неколку пораки, и реков дали одиш дома, ми рече ја сушам косата, ќе одам на лекар. Потоа се чувме кога одеше на банкомат, а потоа беше недостапна, вели тој.

Набрзо откако не си дошла се му станало сомнително, па го пријавил случајот во полиција.

Инаку, телефонот на Даниела бил лоциран во Германија. Агонијата за семејството нема крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top