| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и покрај суспензијата пријави 19 атлетичари за СП во Лондон

На претстојното Свестко првенство во Атлетика, на кое организатор ќе биде градот Лондон, Русија ќе испрати 19 атлетичари и покрај суспензијата од меѓународните натпревари поради користење на систематски допинг.

ИААФ ја суспендира Русија од сите натпреварувања под нејзина капа во 2015 година, по извештајот во кој се наведуваше дека во периодот од 2011 до 2015 година систематски биле допингувани повеќе од 1.000 атлетичари.

Сепак во последните неколку месеци ИААФ дозволува настап на руски атлетичари, но само под посебни контроли и докази за допинг тестови направени надвор од Русија. Поради тоа 19 атлетичари, некои и шампиони од минатото првенство ќе добијат шанса да се натпреваруваат и да ги одбранат своите титули.

Светското првенсто ќе започне на 4 август и ќе трае до 13 август, а секако дека ќе помине и во знакот на Усеин Болт, кој по Лондон ја завршува својата богата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top