Двајца починаа на Инфективна клиника, еден на 50, а друг на 24-годишна возраст од Гостиварско, потврдија денеска од Клиниката. Починатите биле во крвно сродство.
– Донесени се со висока температура и пролив. Инфекцијата ги зафатила црниот дроб, бубрезите и други органи. Лекарите уште не утврдиле од што се пренесува, но велат нема простор за паника. Се пренесува од животни на луѓе, низок степен на опасност од пренесување од човек на човек – соопштија од Инфективна клиника.
Хоспитализирани се уште четири лица кои се изолирани и се надгледуваат, карантин во Инфективна нема.
Eден од пациентите починал утрово, а другиот пред три-четири дена. Лекарите не сакаа да шпекулираат за каква болест станува збор додека не бидат сигурни.
Од Министерството за здравство информираат дека на терен се и епидемиолозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст