| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат притисоците од СДСМ – Да се прифатат апсурдните обвиненија на СЈО, а да се отфрлат приговорите на одбраната

Продолжуваат притисоците од СДСМ врз судот за да се прифатат апсурдните обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, а да се отфрлат приговорите на одбраната. Како што наближува следната фаза од политичкиот прогон, така се зголемува притисокот врз судиите од страна на медиумите кои се под контрола на социјалдемократите.

Политиката над правдата: Срамна одлука на Апелација, аргументите игнорирани

Преку порталот на Брано Героски, „Плусинфо“ беше испратена дури и закана за смена на судиите доколку не судат по волјата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

СДСМ однапред ги прогласи за неодговорни сите судии кои ќе ги земат предвид аргументите на одбраната и нема да судат по нарачка на Заев и СЈО. СДСМ преку своите медиумски мегафони побара „Реформите да започнат поскоро, а непрофесионалните судии да се разрешат, се дел од мерките кои би донеле законски и уставни разрешници на предметите.“ 

Сите знаат што значат реформите на Заев. Разрешувања, нелогични вработувања и несоодветни кадри. Онака како што самиот го најави реизборот и разрешувањето на судиите.


Тоа е причината што Комисијата за реформи во судство ги напика Љубомор Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Наташа Габер Дамјановска, Маргарита Цаца Николовска која е претседател на партиска комисија

Токму Цаца Николовска, која сега е во позиција член на Советот за реформи, преку Плусинфо испраќа пораки до судиите:

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, смета оти праксата покажала дека опструкции се можни. Тактиката на избегнување да се примаат покани што можеше да се види и до сега, вели, е само еден вид на опструкција која го продолжува времето за судот да пристапи кон оценување на обвинителните акти. Друг вид, кој може да го примени и самиот суд, е судиите да одлучат дека пред да се донесе оцена сакаат дополнително да распрашаат некој од обвинетите, иако тоа досега ретко се практикувало.

– Тоа е т.н. злоупотреба на правата што се дадени. Меѓутоа, постои можност некој да одговара за тоа, но тука повторно се поставува прашање кој тоа ќе го направи и ќе го покрене? Еве и СЈО да покрене нешто во тој дел, повторно треба судот да одлучи. И повторно треба да се следи исклучиво работата на судот, да се имаат предвид сите стандарди кои треба да се следат во македонското право – вели Цаца Николовска.“

Порака, односно притисок до судиите испрати и поранениот обвинител Јован Трпеновски:

Најмногу постои опасност да се врши влијание врз лицата кои треба да бидат распитани во постапката, а дека тоа е можно зборува и досегашното однесување на лицата кои се предмет на гонење на СЈО, тргнувајќи од она на каква позиција се. Меѓутоа, мислам дека постои опасност и од бегство затоа што станува збор за лица кои и сами знаат дека се инволвирани во тешки кривични дела, за кои барем јас очекувам дека е вистинито она што се тврди со писмените докази и дека ќе бидат изречени и правосилни пресуди.

Правниците запрашаа:

„Зошто некој што веќе одлучил да соработува со СЈО би го менувал исказот и би ризикувал кривичен прогон знаејќи за поддршката што ја има СЈО од актуелната власт, со што би можел да се закани било кој поранешен функционер од ВМРО-ДПМНЕ, кога сите полуги на власта се во рацете на Зоран Заев и владејачкото мнозинство?“

Дека станува збор за нарачан политички притисок од СДСМ, говори и делот во изјавата на Трпеновски во кои се оправдува најавениот генерален реизбор на судии кој пак е спротивен од препораките на Европската Комисија.

„Дел од судиите немаат ниту личен ниту професионален интегритет. Тоа можело да се смени само со коренити реформи во правосудството, кое, според него, не си ја изврши вистинската функција. Во спротивно, опструкциите кон СЈО ќе продолжат“, смета Трпеновски.

Трпеновски кој ја застапува чудната и нелогична теза дека „обвинетите би можеле да вршат влијание врз лицата кои треба да бидат распитани во постапката“ и поради тоа требало да им биде определен притвор – иако е јасно дека сите сведоци веќе имаат дадено искази врз кои СЈО се потпира како и фактот дека секоја промена на исказите претставува кривично дело. Тука не смее да се заборави и тоа дека обвинетите не се наоѓаат на никаква државна функција во моментот од која би влијаеле врз сведоците, нешто што Трпеновски непромислено го инсинуира.

Дополнително, Трпеновски оди и чекор понатаму во апсурдите тврдејќи дека „постои опасност и од бегство на некои од обвинетите“, нешто што ниту досегашната пракса во хајките од СЈО ниту здраворазумската логика на секој жител на Република Македонија не може да го прифати како можност. Освен, се разбира, доколку не се работи за нарачана изјава на експерт близок до СДСМ за кој своевремено се шпекулираше и дека е на списокот на платени советници на СЈО.

На ваквите изјави на експертите блиски до СДСМ со кои се врши притисок врз Апелација да одлучува за политички притвори и според желбите на СЈО, реагираше еден од адвокатите на одбраната, Димитар Дангов. Тој посебно се осврна на изјавата на Трпеновски, при што го замоли за воздржување од јавно изнесување на неговото мислење за судските предмети кои не му се достапни и за кои нема увид во писмените и вербалните докази.

-Вашето мислење за некакво влијание на докази во постапката, или можноста за нечие бегство, уште помалку за судски исход на постапките, нема поткрепа во никакви релевантни факти. Очигледна е намерата да упатите порака, но и вам ви е познато дека вашиот објективен однос кон предметите ги ограничува вашите можности да вршите точни проценки по темите кои ги прогнозирате. Се разбира дека и се да ви е достапно, не е професионално и легитимно да зборувате за тоа па дури и како граѓанин. Со полн респект кон вашиот авторитет, ве замолувам како колега да не вршиме повреда на основните човекови права, вели адвокатот Дангов.

Исказот на Заев е единствен доказ на СЈО против Груевски – Судот под притисок на Обвинителството и СДСМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top