| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре нема пекол – дожд и грмежи

Намалување на дневната температура, локален дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре. Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.

Во четврток пак, врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.

Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.

Од петок се очекува стабилизација и повторен пораст на температурата на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top