Д.П. (29) од Скопје вчера во 15 часот во Полициската станица Центар пријавил дека истиот ден во 12.45 часот на ул. „Аминта Трети“ во Скопје непознат сторител врз него извршил разбојништво.
Додека Д.П. бил со другар, од патничко возило „ауди А6“ излегло непознато лице и почнало да го навредува и да му се заканува. Потоа им се приближило друго непознато лице кое, исто така, им се заканувало. Набргу потоа, на истата улица се паркирало патничко возило „мерцедес“ од каде излегле три непознати лица кои физички го нападнале Д.П. удирајќи го со тупаници и клоци. Тие се обиделе да го стават во гепекот на „мерцедесот“, но во тој момент еден од сторителите му го одзел мобилниот телефон, а Д.П. успеал да избега. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст