Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека досега преку Системот за брзо предупредување на Европската унија – РАССФ нема добиено нотификација за небезбеден производ – житни снегулки „нестле нестум експерт со зоб и суви сливи“, кој компанијата „Нестле адриатика“ превентивно го повлекува од хрватскиот пазар.
Производот се повлекува по добиена забелешка дека сличен производ на пазарот на ЕУ содржи зголемени вредности на полициклични ароматични јаглеводороди.
Според податоците од Системот за брзо предупредување на Европската унија, производот е дистрибуиран во Белгија, Холандија, Грција, Бурунди и во Уганда и овие земји треба да преземат мерки за негово повлекување и за информирање на јавноста.
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека има добиено известување од компанијата за повлекувањето на производите и дека будно ја следи состојбата. Доколку се јави потреба, велат од АХВ, веднаш ќе бидат преземени потребните мерки за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст