| четврток, 6 декември 2018 |

Косово пред енергетски колапс

Косово се наоѓа на прагот на енергетски колапс, бидејќи има резерва на јаглен само за уште еден месец.
Доколку Владата на Косово не обесштети осум домаќинства во селото Шипитуле, преку чии имоти треба да се мине за да се стигне до ископите на јаглен, за неколку недели постои опасност од енергетски колапс. Поради неможноста за пристап до ископите, „Косовската електрокорпорација“ (КЕК) повеќе месеци користи јаглен само од резервите, не вршејќи нов ископ.

Поради вонредната ситуација, КЕК предложи експропријација на 17 сопственици чиј имот е во непосредна близина на ископите на јаглен во селата Хаде и Шипитуле.

Косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа ова барање на КЕК го оцени како многу значајно, нагласувајќи дека секое доцнење го доведува во опасност работењето на компанијата, односно може да доведе до прекин на нејзината работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top