| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа во Штип: Дете падна од трети кат, со тешки повреди пренесено во ургентен

Дванаесетгодишно дете е тешко повредено, откако вчера околу 22 часот паднало од трети кат од зграда лоцирана на улицата „Енгелсова“ во Штип.

Од полицијата информираат дека детето поради тешките повреди, фрактура на черепот и крвавење во мозокот, од штипската болница итно е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Засега не е познато како паднало детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top