| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците сѐ уште не се сигурни дека овие 4 работи постојат во човечкото тело

Наспроти големите достигнувања и развојот на науката и технологијата, ни врвните експерти се уште не се согласни кога се во прашање овие теми, пишува „Нешанл Џеографик“.

Научниците до сега успеаја да го секвенцираат човечкиот ген, да го снимат човечкиот мозок и да и искористат матичните клетки за комплексни научни истражувања, а тоа е само дел од неверојатните достигнувања.

Меѓутоа, наспроти сето тоа, човечкото тело се уште не е целосно разрешена мистерија. Дури, експертите се уште не се целосно сигурни дека некои делови воопшто постојат.

– Не го познаваме човечкото тело така како што би сакале, искрен е Скот Милер, професор на Универзитетот во Јута.

Секако, истражувачите ја познаваат основната анатомија на човечкото тело и можат да ги препознаат органите, коските и мускулите, но тоа не објаснува се што работи во телото или како навистина функционира, објаснува Милер.

Покрај тоа, има се повеќе нови откритија, кои понатаму водат до нови прашања и хипотези, но постоењето на некои работи тешко се докажува, смета овој експерт. Контроверзите најчесто ги предизвикуваат следните теории.

Г-точка

Едно истражување покажало дека многу жени веруваат дека вакво место навистина постои. Но, кога лекарите биле прашани дали сметаат дека Графенберговата точка може да постои, дошло до дебати.

Оваа точка се опишува како ерогена зона која се наоѓа на предниот ѕид на вагината и која е поврзана со интензивни оргазми, а др. Лорен Страјхер од Медицинскиот отсек при Универзитетот „Нортвестерн“ истакнува дека разговорот за Г-точката во просторија полна со лекари е како разговор за политика во просторија полна со демократи и републиканци. Таа смета дека ваква точка постои, но не верува дека секоја жена со нејзина стимулација може да доживее сексуално задоволство.

600_story_cant_find_the_gspot
Феромони

Хемискиот сигнал кој животните го ослободуваат во интеракција со други припадници на својот вид, е уште една тема на научни дебати.

Утврдено е дека инсектите и другите животни се способни за секреција на феромон со потење, плунка и урина и дека животното со мирисање на овие соединенија може да стекне одредена информација – дека се работи за територија која припаѓа на некого, дека во близина е опасност или дека сретнало припадник на ист вид подготвен за парење.

Истражувањата за животинските феромони ги наведоа научниците да се прашаат дали и луѓето ослободуваат такви сигнали.

Истражувачите не се во дилема околу тоа дали луѓето произведуваат хемиски сигнали кои влијаат на другите, објаснува Џорџ Прети од Центарот за хемиски сетила „Монел“ во Филаделфија. Дебатата е за тоа дали човечките феромони можат да послужат за сексуална привлечност, смета Прети, а до сега за тоа не се најдени докази.

Со својот тим Прети спровел истражување со кое е утврдено дека хормонскиот статус на жените се менува откако ќе помирисаат екстракт од хормони излачен под пазувите на мажите. И претходно во рамки на едно истражување на мажите им било понудено да помирисаат маица на жена во овулација, по кое нивото на тестостерони им се зголемило.

Дали тоа е дефинитивен доказ дека феромони постојат? Научниците се уште не се согласни околу тоа.

Иризин

„Хормон на вежбање“ откриен е кај глувците, а потоа е идентификуван и кај луѓето во 2012 година, кога веста за тоа дека е пронајден ја објавил бостонскиот научник Брус Спигелман, биолог од Факултетот по медицина на Харвард.

Некои експерти сметаарт дека протеинот иризин се создава во тек на вежбање и дека неговото лачење се зголемува колку подолго тренираме, објаснува Кит Бар, проф. по филозофија на Универзитетот во Калифорнија.

Сепак, ни по три години подоцна научниците не можат да се согласат околу тоа дали воопшто постои иризинот. Тие кои веруваат во негово постоење објаснуваат дека патуваат низ крвта и белите крвни клетки со масти ги претвара во смеѓа маст. Што повеќе тренираме, телото повеќе се загрева и согорува повеќе калории, веруваат тие.

Сепак, Бар и многу негови колеги се скептични бидејќи ни по исклучително исцрпни истражувања не успеале да дојдат до резултати до кои дошол Спигелман.

Клетки на рак

Ова е се поконтроверзна тема во научните кругови, објаснува Скот Милер. Нормалните матични клетки можат да се трансформираат во поинакви видови на клетки, а тоа еден дел од научниците ги наведе на заклучокот дека со нив може да се покрене рак.

Се верува дека еден до три проценти од вкупниот број на канцерогени клетки можат да почнат да се однесуваат како канцерогени матични клетки. Судејќи според тоа, некои терапии, како хемотерапијата и радијацијата, можат да ги намалат туморите со уништување на обичните канцерогени клетки, додека матичните канцерогени клетки остануваат недопрени, па туморот повторно може да порасне.

Сепак, оваа теорија не ја поддржуваат сите научници, има и такви кои веруваат дека моделот на матичните клетки не може да го промени шаблонот на формирање и видови на рак, како и тие кои сметаат дека канцерогени матични клетки и не постојат.

Наместо тоа, тие објаснуваат дека ракот се развива по „стохастички“ модел: дека развојот на туморот е процес при кој сите клетки на рак можат да растат и да се делат се додека не дојде до метастаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top