| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се постави спомен обележје на астрофизичарот Паскал Сотировски

На 26 јули во родното село Врбен, мавровско, во 11 часот, ќе биде откриено Спомен обележје на академик Паскал Сотировски (1927-2003) , македонски астрофизичар од светски глас којшто својот работен век го помина во познатата астрофизичка опсерваторија во Париз, Франција. Како специјалист за Сонцето неговата меѓународна научноистражувачка активност е позната во многу светски центри, а од 1991 година станува дописен член на МАНУ.

Спомен-обележјето е дело на скулпторите Елена и Дарко Дуковски и ќе биде поставено на местото на неговата родна куќа во организација на Фондацијата „Сотировски“ и Здружението на роднокрајни граѓани чиј претседател е Владимир Глигоровски. На свеченоста ќе се обрати Јордан Плевнеш, поранешен амбасадор на Македонија во Франција и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, којшто ќе ја навести изградбата на Куќа на македонската и балканската астрофизичка која ќе го носи името на  академик Сотировски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top