| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на автобуска станица во Скопје – ѝ го откинал синџирчето од врат, па избегал

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднесе кривична пријава за 25-годишниот Ф.Р. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 20.7.2017 година, во 22.15 часот на бул. „Крсте Мисирков“ на автобуска постојка пријавениот ја забележал оштетената и при разминување ѝ го скинал сребреното ланче од вратот, по што со трчање се упатил кон Основниот Суд Скопје 1 Скопје.

Пријавениот е фатен и задржан од страна на две лица, сѐ до доаѓање на полициски службеници од единицата – „Алфа“ на местото на настанот, по што е лишен од слобода и приведен во полиција од ОН „Центар‘‘.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top