Совет од пет судии во Врховниот суд денеска ќе заседава по жалбите за одредениот притвор на Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, потврди претседателот на Врховен, Јово Вангеловски.
Како што вели тој, ако е сѐ во ред и предметите се комплетирани, најверојатно притворот за тројцата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УВК) денес ќе се најде пред судиите.
Од Врховен по приемот на жалбите во петок најавија дека ќе се одлучува откако ќе добијат одговор од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Од СЈО, потврдија дека тие одговориле на жалбите веднаш во петокот што значи дека предметите се комплетирани и врховните судии може да одлучуваат. Од тимот на Катица Јанева во текот на денешниот ден се очекува да излезат и со став во врска со правото за жалби на одбраната за решенијата за притвор.
Тројцата за чии мерки на претпазливост треба да пресече Врховниот суд се обвинети во предметите „Таргет“ и „Тврдина“. Грујевски е поранешен началник на Петтата управа во УБК, Јакимовски беше шеф на Kабинетот на директор на УБК, Сашо Мијалков, а Бошковски исто така е вработен во УBK.
На нив, најпрво, од Основниот суд Скопје 1 им беа одземени пасошите. По жалбата на СЈО до второстепениот суд, советот во Апелација им одреди мерки притвор од 30 дена, по што одбраната се жалеше до Врховен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст