Патријархот Иринеј и Српската православна црква го отфрлиле барањето на македонскиот премиер Зоран Заев и забраниле Македонија да го прослави Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“.
Како што пишува српскиот портал „Ало“, раководството на СПЦ и патријархот Иринеј немаат намера да дозволат официјална делегација на Македонија, предводена од Заев, да го посети манастирот.
– Патријархот Иринеј е категоричен за забраната. Како што вели, сè додека не се поправи статусот на СПЦ и на нејзините свештеници во Македонија, нема разговори за можноста да се дозволи каква било делегација од Скопје да го посети манастирот во Србија и во него да го обележува Илинденското востание. Самиот патријарх Иринеј и патријаршијата повеќепати барале од македонските власти да се направи нешто по прашањето за статусот на српските свештеници во Македонија, но секогаш наидувале на ѕид во државните институции во Македонија. Патријархот Иринеј е лут и повеќепати повтори: „Нема шанси да дозволам во нашиот манастир да го слават Илинден. Тие сакаа нашите манастири на Косово да им ги дадат на Албанците, па сега не можат во нив да прават свои прослави“ – вели изворот на „Ало“ од патријаршијата.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, за порталот изјавил дека само СПЦ може да реши дали ќе одобри Македонија да има прослава во манастирот.
– Република Македонија секоја година ни испраќа барање за одржување прослава. Ние, како министерство и Влада, го проследуваме барањето до СПЦ, а оттаму воопшто не добиваме одговор. Тоа е така затоа што станува збор за манастир што е во сопственост на СПЦ, така што тие мора да се согласат за ова прашање – вели Дачиќ.
Заев вчера во Сараево рече дека Србија е голем пријател на Македонија и дека се надева на дополнителни унапредување на односите меѓу двете земји. Тој, исто така, наведе дека сè уште не добиле одговор на барањето македонска делегација да го прослави Илинден во „Прохор Пчињски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


