| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Мислешево

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, а се случила вчера на крстосницата со магистралниот пат А2 и патот кон селото Мислешево.

Според полициските информации во несреќата учествувале „ситроен“  со охридски регистарски ознаки управуван од 75-годишен К.Ч од Лескоец, „пежо“ со охридски таблички управувано од М.Е. (56) од Ресен и „јагуар“ со струшки таблички, кој го возел 45-годишниот М.Ѓ. од струшко Лабуништа.

Со тешки повреди, скршеница на левата рака, се здобила сопатничката од „пежото“, 48-годишната Н.Е. од Германија на која ѝ е укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top