Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со умерен југозападен и јужен ветер. Попладне e можна локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната максимална од 33 до 40 степени.
Во Скопје слично време со температура до 39 степени.
УХМР најавува дека до вторник подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35 степени, а во јужните делови ќе достигне до 40. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 9.
Од вторник се очекува промена на временската состојба, ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Ќе дува умерен југозападен и јужен ветер, кој попладне на повеќе места ќе се засилува. Од среда до петок претпладне, времето ќе биде променливо и посвежо со локален дожд. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и в среда и в четврток и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе има вредност меѓу 8 и 7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст