| четврток, 6 декември 2018 |

Костимите за капење со ликовите на Путин и Трамп хит во САД

Компанијата Beloved Shirts  од американската држава Јута, специјализирана за онлајн продажба на облека и долна облека, пушти во продажба серија на костими за капење со ликови на познати политичари.

На едноделните костими за капење можете да ја видите раскикотената Хилари Клинтон и претерано сериозниот Ким Џонг Ун. Но, најголем хит во продажбата се насмеаниот Владимир Путин и изненадениот Доналд Трамп. Токму овие два костима за капење се најбарани меѓу клиентите. И западните таблоиди веќе ги нарекоа „најсекси костими за капење на сите времиња и народи“, пренесува „Комсомолскаја правда“.

Цената на костимите за капење е 49,99 долари. Во описот на производот на веб-страницата се наведува дека тие „ги нагласуваат формите и се наменети да ја покажат фигурата во позитивно светло“.  Нарачки се прават онлајн, по што рачно се изготвуваат костимите за капење, затоа е невозможно да се врати производот. Впрочем, и нема многу од оние на кои не им се допаѓа новата облека – клиентките се возсхитени, за што самите раскажуваат на социјалните мрежи.

„Прекрасен е! Го прави моето тело преубаво!“, пишува во коментарите за костимот за капење со Трамп купувачката по име Џена.

Во летната колекција на костимите за капење има модели не само со ликови на политичари, но исто така и со актери како Николас Кејџ и Стив Бушеми.

Извор: Руска реч

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top