Венецуелската полиција го приведе номинираниот судија во Врховен суд, Анхел Серпа, соопшти опозицијата. Опозиционерот Хулио Борхес на Твитер напиша дека властите немаат оправдание за приведување на судијата Серпа и ја обвини полицијата дека е „во служба на диктатурата“ на претседателот Николас Мадуро.
Владата на Мадуро одбива да ги признае 33 судии во Врховниот суд, именувани од Параламентот, кој е под конторла на опозицијата. Опозицијата по синоќешните судири со полицијата најави уште 48 часа генерален штрајк што ќе се одржи в среда и в четврток.
Неколку илјади луѓе синоќа се обидоа да протестираат пред Врховен суд, во знак на поддршка на судиите именувани од опозицијата, но беа спречени од полицијата. Демонстрантите фрлаа со камења и Молотови коктели, а полицијата употреби солзавец. Антивладините протести во Венецуела траат четири месеци при што загинаа најмалку 97 луѓе, а илјадници се повредени или се во притвор.
Во меѓувреме неименувам американски претставник најави дека САД размислуваат да воведат санкции кон Венецуела, во чии рамки би можеле да ја запрат испалата на нафта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија