| четврток, 6 декември 2018 |

Затуровска:Не би зачудило Тевдовски да го припише долгот на Бугарија, Албанија на контото на Македонија, само за да го удоволи својот лидер!

-Министерот Драган Тевдовски, владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев секојдневно тонат во своите лаги сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ наводно оставила наводен скриен долг од милијарда евра па излегоа на брзоплета прес-конференција во која ставиле сѐ на куп, и долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија и слично, а патем за скандалот да биде уште поголем, тие во оваа манипулација користат и обврски кои сѐ уште не се доспеани за наплата- истакна на денешната прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова само кажува каков хаос владее во министерството за финансии, пред се поради неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тоа преставува опасност по целокупната држава. Тевдовски недозволиво се обидува недоспеани обврски на државата да ги брои во долгови, само за да манипулира со бројките и да му удоволува на својот лидер и на партиските интереси- рече Затуроска и предупреди  дека Тевдовски води сериозно министерство.

Пратеничката посочи дека министерот за финансии веќе во континуитет покажува дека ја користи позицијата за да тера ситнопартиски интереси.

-Тоа значи Зоран Заев излегува на изјава и од ракав кажува бројка дека централната власт има скриен долг од милијарда евра, а Тевдовски потоа брза да го оправда ставајќи нереални бројки, броејќи долгови на општини, а не би нѐ зачудило да почне да го припишува и долгот на Бугарија, Албанија и Данска, на контото на Македонија, само за да го удоволи својот лидер. Тевдовски, за жал, само во неколку дена создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи. Тевдовски предложи ребаланс на Буџет со кој се кратат сериозни ставки и проекти од областа на образованието и земјоделството. Тевдовски дозволи Буџетот да се креира така што ќе се овозможи партизирање на државната администрација и вдомување на партиски војници и шарени револуционери, на сметка на професионалноста- рече Затуроска на прес-конференцијата.

Додаде дека Тевдовски од министерството за финансии создал институција која ќе спроведува директиви од општинските организации на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top