| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен фестивалот на органска храна во Скопје

Во „Скопје сити мол“ денеска беше отворен третиот еднодневен Фестивал на органска храна, што го организира маркетинг-агенцијата „Креатива“, под покровителство на Град Скопје. Целта на фестивалот е да се промовира органското земјоделство како важен и перспективен дел на одржливото производство и значењето на користењето органски производи за заштитата на биодиверзитетот, унапредувањето на здравјето на сите живи организми.

Фестивалот на органска храна веќе трета година го организираме со цел да ги запознаеме граѓаните со органската храна и што значи таа како дел од здравите навики. Тој е дел од активностите кои Град Скопје ги презема во насока на промовирање на здравиот начин на живот во Скопје. Градот Скопје активно работи во подобрувањето на екологијата и чистотата во градот, јас како градоначалник особено препорачувам и сакам да ги поттикнам граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, а со тоа паралелно работиме на подобрување на условите и безбедноста на велосипедистите, истакна градоначалникот Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top