| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е мистериозниот „Град 40″ во Русија: За него и Путин молчи…

Градот Озерск во Русија е основан 1946. година, сокриен е длабоко во внатрешноста на Русија, од источната страна, а заграден е со бодликава жица и е буквално како забранет руски град. Според пописот од 2010-та година, градот има 82.000 жители, а наречен е и „Град број 40“. Во текот на постоењето бил изолиран од наворешниот свет, а го знаеле само тогашните комунисти.

Новинарката на угледниот “The Guardian”, Самира Гоетшел, напишала сторија за него. Во градот е направена нуклеарна електрана. Бил толкава тајна што жителите не смееле да го напуштат осум години. Градот бил идиличен и опкружен со планини и езера. Додека народот во другите делови мерел колку треба да јаде и пие, тука се живеело во луксуз, со храна, облека и други луксузни нешта за кои народот од Русија можел да сонува во тој период.

Секој што бил надвор од границата на Градот 40 се сметал за непријател. Снимањето внатре е најстрого забрането, бидејќи наводно таму се крие цела нуклеарна сила на Русија. Во постоењето се случиле повеќе нуклеарни катастрофи, од кои најголемата во 1957 година. Дошло до експлозија на тенк со радиоактивен отпад, и биле пуштени повеќе од 80 тони радиоактивен материјал.

На странците и понатаму влезот им е забранет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top