Македонија го доживеа првиот пораз на Светското првенство во Алжир, по премиерните две победи. Денес, нашите репрезентативци беа надиграни од своите врсници од Тунис со 32-27 (17-13).
Тунис започна подобро и поведе со 3-0, откако нашите репрезентативци не успеваа да ја искористат играта со ракометар повеќе. Мразот го скрши Филип Талески, кој врза три гола едно по друго и го донесе првото израмнување за Македонија.
Избраниците на Темелковски се вратија целосно во игра и поведоа со 8-7 преку Велковски. Но, од тој момент како да застана нашиот напад, а заспа нашата одбрана. Тунижаните ја користеја секоја прилика и направија серија пред паузата, која им донесе +4 по 30 минути игра (17-13).
Преднсота на туниската репрезентација се намали на само еден гол негатива по 13 минути игра во вториот дел. Палески постигна два гола и беше најактивниот во мини-серијата на македонската репрезентација.
Следуваше нов празен период на младинците, кои постојано бркаа негатива, па се понервозно влегуваа во секој следен напад. Тунис одново се одлепи на +6 (28-22) на осум минути до крајот и обезбеди мирна завршница.
На крајот, поразот беше неминовен (32-27) и покрај тоа што важевме за фаворити. Шанса за поправен ќе имаме за два дена, кога ќе ги одмериме силите со Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


