На денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски говореше за партиските вработувања во Владата на Заев.
Не е чудо што првата порака која што доаѓа од европската комисија е да запрете со партизација на администрацијата вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Според него вработувањето на 40 советници меѓу кои ќерката на Тито Петковски, синот на Самка Ибраимовски, Зоран Верушевски, Марјан Забрчанец, кој до вчера изигруваше независен критичар за образование, Бубо Каров- Цацко и многу други владата ја чини во моментов 384,000 евра годишен товар за буџетот на Република Македонија.
-Значи 40 вработени нови партиски советници од СДСМ, ЛДП, и независниот сектор на Сорос, во наводници во овој момент му тежат на буџетот со 384 илјади евра годишно. Тоа значи непотребно оптоварување на буџетот. Тие средства можат да му бидат дадени на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Тие средства наместо да одат за Верушевски, за ќерката на Тито Петковски, за Бубо Каров и Марјан Забрчанец и за партиски активисти од шарената револуција можеле да му бидат дадени на универзитетот „Св. Климент Охридски во Битола“. Тие 384 илјади евра годишно можеле да бидат поделени на основите улишта во Кичево, Охрид, Дебарца, Струга и да биде покриен трошокот рече Милошоски.
Тој потенцираше дека ваквите непродуктивни вработувања со кој се задоволуаат партиски коалициони интереси значат непотребен товар и буџетот на владата која што и најмногу се бунеше за било каков дополнителн трошок. Според него ако за 40 дена владата направила 40 непродуктивни вработувања, што ли ќе биде за 140 ден и со секој поминат ден има нови огласи. Милошоски посочи дека целиот овој период се зборело дека има доволно луѓе во администрацијата кои се стручни, амбициозни, квалификувани и образовани. Ако ги имало тие луѓе тогаш нема да има потреба од 40 вработувања за 40 дена со кои буџетот ќе се оптовари со речиси 400 илјади евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.