| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сиднеј пронајдена временска капсула полна со пророштва кои се оствариле

Пред 22 години, Австралиецот Грег Вилкинсон напишал писмо, шпекулирајќи што може да се случи во блиската иднина, и го заѕидал во ѕид во својата куќа во Сиднеј, пишува редиомоф.мк. Грег не предвидел дека Доналд Трамп ќе стане претседател или дека Обединетото Кралство ќе одлучи да ја напушти Европската унија, но многу негови претпоставки се оствариле.

Писмото е напишано на Велигден во 1995 година и предвидува дека Кина ќе стане суперсила и дека различните интерпретации на Исламот ќе предизвикаат „света војна“.

Писмото го нашол локалниот трговец Саша Илиќ, кој го споделил своето откритие на Фејсбук.

Вилкинсон го започнува писмото преку запишување на цената на векна леб и еден литар млеко во 1995 година, но запишал и тоа дека писмото го пишува на неговиот 486 лаптоп со 8 мегабајти РАМ меморија и 240 мегабајти хард драјв. Потоа, ги објаснува генерациските трендови на тоа време, политиката и спортот, пред да премине на поголемите предвидувања.

Еве што вели за исламот: „Исламот ќе стане наредниот идеолошки проблем, кој ќе разгори реакција, воведувајќи огромни делови од земјината топка во смешна „света војна“. Секоја страна ќе верува дека е порелигиозна и повеќе во право од останатите“.

Интересно е тоа што писмото е напишано пред нападот на Кулите близначки, што доведе до понатамошните инвазии на Авганистан и Ирак од силите на САД и Велика Британија.

Бил во право и за економскиот раст на Кина: „Кина половично ќе се демократизира, ќе стане светска суперсила, а потоа внимавајте! Америка ќе биде нивен најголем трговски партнер и доколку одлучат дека им треба повеќе простор, претпоставувам дека Австралија ќе стане нивната наредна мета“.

Иако не сите детали од ова предвидување се точни, драматичниот развој на Кина од 1995 година не може да се игнорира, пишува Independent.

Кога Вилкинсон го напишал писмото, Кина била пред Италија, Бразил, Франција, Германија, Јапонија, САД и Велика Британија во однос на економската големина. Сега, Кина е на второ место после САД.

Откако било пронајдено писмото, медиумите го контактирале писателот, кој вели дека не е пресреќен што е објавено.

„На почетокот кога го видов писмото на Фејсбук се почувствував малку оштетен. Но, откако размислив, сфатив дека предвидувањата навистина го акцентираат прогресот на интернетот во 22 години и, без него, како ќе ме најдеше писмото повторно?“.

Во писмото, Вилкинсон пишува и дека мислел дека документот ќе биде пронајден некаде околу 2060 година, но неговата сопруга Розлин, која сега е почината, верувала дека ќе го најдат некаде околу 2020.

„Саав да остане скриено многу подолго, но сум среќен што бев тука кога го открија. Мојата прекрасна Рос го предвиде времето кога ќе биде откриено“, заклучува Вилкинсон.

 

извор:радиомоф.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top