Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница во функција на подготовка на локалните избори што, како што е најавено, ќе бидат распишани, најверојатно, на 6 август, а треба да се одржат на 15 октомври.
На седницата беа усвоени упатствата за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори, за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.
Во упатството за поднесување на кандидатските листи оваа година има дополнително објаснување за родовата застапеност.
Како што беше посочено за важечко гласачко ливче ќе се смета ако е заокружен редниот број пред подносителот на листата односно редниот број пред кандидатот за кој се определил да гласа. За важечко ќе се смета и тоа гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати гласа.
Во однос на неважечките ливчиња, претседателот на ДИК Александар Чичаковски истакна дека е консултирана меѓународна анализа која покажува дека бројот на неважечки гласачки ливчиња во земјите од Централна и Источна Европа се движи меѓу пет и седум отсто од искористените гласачки ливчиња на националните избори.
– И нашиот број на неважечки гласачки ливчиња е во тој просек. Додека за локалните избори, кои се малку покомплексни зависно од системот на гласање се движи дури до 9 отсто. Ние со ова упатство го надоградуваме претходното упатство и тоа само делот на јасен и недвосмислен начин – рече Чичаковски.
Членот на ДИК Субхи Јакупи во дискусијата посочи дека разликата на бројот на неважечки ливчиња на последните два циклуса избори била мала. На изборите во 2016 година имало 37.870 неважечки ливчиња, додека во 2014 година 37.654. На локалните избори во 2013, пак, како што беше посочено, неважечки биле дури 49.954 ливчиња.
Генералниот секретар на ДИК Добре Јанковски информираше дека не може да и бидат исплатени средствата за надоместок на трошоците за последните избори на Движењето Беса поради тоа што жиро сметката не им била активна. Оваа информација ДИК ја добило од финансии. Комисијата донесе заклучок да достави информација во врска со овој случај до Собранието, до Државниот завод за ревизија и до Беса. Чичаковски исто така посочи дека останатите партии кои, според законот, ги добиле средствата на своите сметки треба до нив и до ревизија да ги достават завршните финансиски извештаи за изборите во декември.
Атанас Урумов, член на ДИК, информираше дека се направени сите подготовки за рефендумот за Казандол во Дојран во недела. Испечатени се осум изводи од избирачкиот список, а право на изјаснување имаат 2.747 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст