Базените за разлика од стоечката вода, благодарение на денешната технологија можат да работат со целосна сигурност за посетителите. Чистотата на водата во базените се должи на хемиската и микробиолошка контрола. Но, ако малку се запустат тогаш кријат големи здравствени опасности за пливачите. Во такви услови во водата се кријат многу бактерии и микроорганизми. Голтањето на контаминирана вода доведува до гастроинтестинални инфекции, односно инфекции на дигестивниот систем, чии симптоми се дијареа, повраќање, треска, болки во стомакот …
Постои зголемен ризик од вирусен менингитис, особено во текот на јули и август. исто така може да дојде и до вагинални инфекции. Некои од микроорганизмите во загадена вода може да предизвикаат вагинална инфекција дури и по само едно пливање. Одредени микроорганизми може да предизвикаат инфекции на кожата, особено ако има посекотини и отворени рани. Инфекции на кожата можат да се појават и на пазувите, препоните и меѓу прстите. мета на бактериите се и очите и ушите. Воспалението на овие органи се третира со антибиотици, па затоа е важно навреме да се побара медицинска помош.
Бактериите во базените се уништуваат со додавање на хлор. Но постои опасност од труење доколку има поголема концентрација на хлор.
Покрај бактериите, базените се опасни и во поглед на скршеници и други повреди. Несовесно нуркање може да резултира со скршеници и тешки повреди. Затоа препораката е голема внимателност на базените особено оние каде има голем број на луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст