Одделението за организиран криминал – Кочани поднесе кривична пријава против Б.А. (30) од Скопје поради измама и против М.М. (60) од Скопје поради прикривање.
Во март годинава Б.А. со фалсификувани документи дека е директор на Асоцијацијата за едукација – спорт, култура и здравје „ЕДУКО ПЛУС“ од Скопје во два случаи ги довел во заблуда К.М. (35) од кочанското село Горни Подлог и Г.Ѓ. (30). Тој барал од нив да му испорачаат разновиден градежен материјал на плац во кругот на правниот субјект „Унитрем“ Кочани. Откако му го доставиле материјалот и му биле испорачани фактури во износ од 257.000 денари, пријавениот продолжил да ги држи во заблуда, ветувајќи дека ќе им ги исплати доставените материјали.
М.М. пак, по претходно договорена соработка со Б.А. и во двата случаи бил присутен при испорака на стоката, при што на првопријавениот на рака му исплатил сума помала за 20% од реалната, иако знаел дека купувањето на стоката е без соодветна документација, пониска цена како и плаќање во готовина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст