| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружена драма на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Во 6 часот и 29 минути утрово во Единицата за информирање и команда пријавено е дека на булеварот „Св.Климент Охридски“ во тобако „Буги“, бил ограбен продавачот. Полицијата информира дека непознато лице со кацига на главата, кое било со веспа, со закана со  пиштол го ограбило вработениот А.А.

Крадецот одзел неутврдена сума пари од дневниот промет и избегал.

 Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top